Достапни линкови

Пашинијан ги повика пратениците да го изберат за премиер на Ерменија


Ерменскиот опозициски лидер Никол Пашинијан за време на обраќањето во Парламентот

Ерменскиот опозициски лидер Никол Пашинијан ги повика пратениците да го изберат него за привремен премиер на земјата. Говорејќи во Парламентот пред гласањето тој порача дека политичката промена во Ерменија била неизбежна и неповратна.

Пашинијан е единствен кандидат за функцијата и ја обезбеди поддршката од сите опозициски партии. Владејачката Републиканската партија има 58 пратенички места од 105 во Парламентот.

XS
SM
MD
LG