Достапни линкови

Заев најави мерка за раст на платите


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција по седницата на Економско-социјалниот совет најави нова мерка за раст на платите. Според него, станува збор за директна финансиска поддршка од 30 отсто од растот на бруто платите на работниците во трудоинтензивните дејности.

Условите за мерката, како што наведе тој,, ги исполнуваат околу 15.000 компании и 50.000 работници. Тој порача дека целта на мерката е да растат платите и граѓаните да имаат повеќе пари.

XS
SM
MD
LG