Достапни линкови

ОН бараат да прекине насилството во Мјанмар


Логото на ОН

Експертот за човекови права на ОН во Мјанмар, Јанхи Ли изрази загриженост за ескалацијата на насилството во Качин, цитирајќи извештаи за употреба на тешко оружје и артилериски оган.

„Невини цивили се убиени и повредени, а стотици семејства сега бегаат за да го спасат својот живот“, рече Ли.

Илјадници луѓе протестираа вчера во Качин на кои бараат пристап на хуманитарна помош во селата каде се водат борби меѓу владините сили и бунтовниците од малите етнички заедници. Според Ли, секое спречување на хуманитарната помош согласно меѓународното право може да значи дека се направени злосторства против човештвото. Качин е дел од Мјанмар и се наоѓа во северниот дел на земјата на границата со Кина.

XS
SM
MD
LG