Достапни линкови

Илјадници луѓе се собраа во центарот на Ереван за гласањето за нов премиер


Опозицискиот лидер Никол Пашинијан ги поздравува демонстрантите на вчерашните протести во Ереван

Илјадници луѓе го преплавија центарот на Ереван со цел да го гледаат гласањето во Парламентот за избор на нов премиер на Ерменија во услови на предупредувањата од опозицискиот лидер и организатор на протестите Никол Пашинијан дека владејачката партија можеби ќе се обиде да го наруши процесот. На централниот плоштад се поставени огромни монитори.

Пашинијан, кој е единствен кандидат ја обвини владејачката Републиканска партија на поранешниот премиер Серж Саркисјан дека се подготвува да ја спречи специјалната седница на Парламентот. Пашинијан ја обезбеди поддршката од сите опозициски партии за неговата кандидатура. Републиканската партија има 58 пратенички места од 105 во Парламентот.

XS
SM
MD
LG