Достапни линкови

Шеќеринска од САД порача дека Македонија заслужува членство во НАТО


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска изјави дека Македонија го заслужува членството во НАТО. Таа на прес-конференција за време на посетата на американската сојузна држава Вермонт порача дека Македонија покажала дека е посветен партнер на кој членките на Алијансата можат да сметаат.

„Веруваме дека поканата за Македонија за членство во НАТО ќе придонесе за нашата стабилност, но и за стабилноста во регионот, и ќе биде во интерес на САД“, рече Шекеринск

Таа посочи и дека ќе побара поддршка од САД за членството во НАТО во пресрет на самитот на Алијансата.

XS
SM
MD
LG