Достапни линкови

СДСМ: Мицкоски објави класична лажна вест измислена од ВМРО ДПМНЕ


СДСМ денеска со соопштение реагираше на видео обраќањето на претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според СДСМ, Мицкоски објавил целосна невистина, класична лажна вест измислена од ВМРО-ДПМНЕ

"Случајот за коjшто зборуваше денеска Мицкоски е целосно измислен, и нема никаква врска со реалноста.Ниту има некаков криминал во РЕК ниту пак постои некаква поврзаност со фирми или лица од семејството на претседателот Зоран Заев, за коишто денеска лажно наведуваше Мицковски" се наведува во соопштението.

Партијата ги повика сите надлежни институции и невладини организации коишто се бават со антикорупција да се заинтересираат за "измислениот случај на Мицкоски" и за тоа да ја информираат јавноста.

Мицкоски, како што се наведува во соопштението, се уште не одговорил на јавноста за договорите од 10.5 милиони евра склучени во времето кога тој раководеше со АД ЕЛЕМ.

XS
SM
MD
LG