Достапни линкови

Украинскиот правобранител бара медицинска нега за затвореник во Крим


Владимир Балух, про-киевски активист


Владимир Балух, про-киевски активист затворен во Крим, штрајкува со глад 43 дена и неговото здравје, според извешатите , е нарушено.

Људмила Денисова, украинскиот омбудсмано за човековите права денеска рече дека на Балух му е потребен итен медицински преглед и дека неговото здравје се влошува со секој изминат ден.

Балух беше осуден во јануари на три години и седум месеци казна која ја издржува во затворска колонија, каде што осудените лица живеат во близина на индустриски објекти или на фарма во која работат. Тој беше осуден под обвинение за поседување оружје и експлозиви.

XS
SM
MD
LG