Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Дали смет од Струга и Тетово ќе се носи во Дрисла?


Депонијата Дрисла во близина на Скопје.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска излезе со соопштение во кое се наведува дека во депонијата Дрисла во Скопје во моментов се транспортира ѓубре од Тетово, а истото се планира и со сметот од општина Струга.

Според ВМРО ДПМНЕ Дрисла не може и не смее да биде депонија каде ќе се носи отпад од цела држава со оглед дека се работи за дополнителен отпад кој е во распаѓање и е исклучително штетен, за животната средина, и за здравјето на граѓаните

"Дали позади ова се крие некаков бизнис интерес? Со оглед дека сметот ќе се подигнува во овој момент само од општини кои се под контрола на ДУИ дали ова е предмет на некој коалициски договор на СДСМ-ДУИ?" се наведува во соопштението на партијата.

Претходно гардоначалникот на Скопје Петре Шилегов изјави дека , депонијата „Дрисла“ повеќе нема да загадува бидејќи има филтер.

XS
SM
MD
LG