Достапни линкови

Заев: Со видеото се докажува дека "Поткуп" е монтиран


Премиерот Зоран Заев пред Основен суд Скопје 1, на судење за случајот „Поткуп“

Во Судот денеска се гледаше целосната снимка за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. По денешното рочиште тој рече дека со снимката се докажува дека случајот бил монтиран и дополни дека очекува ослободителна пресуда.

„Имавме прилика да ги видиме снимките и со нив се докажува дека има намерни два прекини на снимките, а кои биле направени со зла намера да се оцрни моето име. Кога се зборува за парите, се зборува за железо, за цемент, за тули, комплетно за организација за црквата. Мене ми е драго што судот овие комплетни докази ќе ги има предвид и убеден сум дека предметот веќе ќе финишира“ рече Заев.


Со решение од Апелациониот суд видео снимката поради која Заев се товари за примање поткуп се гледаше зад затворени врати.

Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Сачевалиев.

XS
SM
MD
LG