Достапни линкови

Протести против блокирање на Телеграм во Москва


Илустрација со логото на Телеграм и блокирањето на апликацијата

Во Москва денеска се одржаа нови протести против напорите на руските власти за блокирање на апликацијата за пораки Телеграм. Опозицискиот активист Алексеј Навални беше еден од присутните на протестите организирани од Либертарската партија која ги нарече обидите да се блокира Телеграм "национална срам".

Демонстрантите фрлаа авиончиња направени од хартија од нивните домови или пред седиштето на Федералната служба за безбедност, која побара од Телеграм податоци за нејзините корисници. Телеграм го одби барањето за да не ја наруши приватноста на корисниците.

XS
SM
MD
LG