Достапни линкови

Реконструкцијата на Владата зависи од разговорите со партиите


Влада на Република Македонија

Премиерот Зоран Заев изјави денеска дека се можни промени во повеќе владини ресори, но може да се случи и никој да не се менува. Според него, тоа ќе зависи од резултатите на разговорите за проширување на владината коалиција кои се во тек.

Тој по рочиштето за случајот „Поткуп“ истакна дека прашањето ќе ја информира јавноста по првомајските празници. Заев посочи и дека иницијалната причина за реконструкцијата е зголемување на парламентарното мнозинство, но и резултатите од работењето.

XS
SM
MD
LG