Достапни линкови

Ердоган во тридневна посета на Узбекистан


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е во тридневна посета на Узбекистан при што се надева на зајакнување на односите и бизнис врските меѓу двете земји. Тој ќе присуствува на економски форум на кој ќе присуствуваат повеќе од 200 владини и бизнис претставници од двете земји. Пред да замине за Ташкент, Ердоган изјави дека се надева оти Турција и Узбекистан ќе ги заживеат загубените шанси.

XS
SM
MD
LG