Достапни линкови

Зад затворени врати се гледа снимката за „Поткуп“


Премиерот Зоран Заев пред Основен суд Скопје 1, на судење за случајот „Поткуп“ во март, годинава

Во Кривичниот суд денеска зад затворени врати се одржува рочиште за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев. Апелациониот суд донесе одлука јавноста да биде исклучена на пуштењето на видео снимката поради која Заев се товари за примање поткуп.

Заев претходно бараше снимката од ПИ-мерките да се пушти јавно, што беше пригфатено, но обвинителството се жалеше до Апелациониот суд. Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Сачевалиев.

XS
SM
MD
LG