Достапни линкови

МВР вклучена во потрагата по двајцата косовски полицајци


Македонска полиција, МВР.

Македонската во координација со косовката полиција трага по двајцата полицајци од Косово кои синоќа со возило излетале во реката Лепенец, од косовската страна на границата. Како што изјавија од МВР за МИА, се претпоставува дека телата може да бидат пронајдени и однесени од реката на македонската страна од границата.

Вкученоста на македонската полиција во потрагата ја потврди и косовскиот министер за внатрешни работи Бејтуш Гаши,според кого потрага освен на косовската страна се прави и долж течението на реката Лепенец, на македонскиот граничен појас, во близина на селото Блаце.

"Ние сме во постојана координација со македонските колеги бидејќи не се отфрла можноста телата на нашите двајца полицајци речната струја да ги однела на македонска страна. Од нивна страна поставени се и неколку препреки, по првиот контакт, за евентуално да не пристигнало нешто. Заедничката акција продолжува", рече Гаши.

Гаши е постојано на терен од синоќа, околу 20:45 часот кога се случи несреќата заедно со други високи косовски фукционери. Во потрагата се вклучени големи полициски сили, противпожарни единици, нуркачки екипи.

Двајцата полицајци се дел од Полициската станица од Качаник, а несреќата се случила за време на патрола на излез од градот, кога службеното возило во кое биле од непознати причини излетало од патот во провалија длабока 150 метри и завршило во водите на Лепенец.

XS
SM
MD
LG