Достапни линкови

СДСМ тврди дека државата оди напред, ВМРО-ДПМНЕ дека се стагнира


Архивска фотографија- Седиштето на СДСМ.

По 11 години изолација, внатрешни поделби, кавги со соседите и конфронтирање со демократскиот свет, Македонија конечно тргна напред, рече денеска на прес конференција пратеникот од СДСМ Хари Локвенец.

Тој рече дека за само неколку месеци, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство преку посветена и одговорна работа успеале да ја вратат државата на вистинскиот пат, патот на соработка, пријателство, напредок и евроинтеграции.

“Вчерашниот ден најдобро го отсликува контрастот помеѓу Македониија која до пред само една година беше заробена и изолирана држава и Македонија денес, почитувана држава, пријател на регионот и Европа” рече Локвенец.

Тој како успеси на Владата ги наброја позитивните оценки од претседателот на Европскиот парламент Доналд Туск, неусловената препорака за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ, спомена зголемување на инвестициите, на индустриското производство, Договорот за добрососедство со Бугарија кој придонел за подобраекономската размена со соседната држава.

На ова реагираа од опозициската партија. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат една година по 27 ми април, живот дошол само за Зоран Заев и како што го нарекуваат картелот на власт.

“Македонија заглави во корупција, а владини функционери заплашуваат новинари и невладини организации доколку проговорат за криминалот што се прави. Отворање на нови работни места и нови странски инвестиции нема. Просечната плата наместо да биде 30.000 денари како што ветуваше Заев, оди надолу” велат од ВМРО-ДПМНЕ

XS
SM
MD
LG