Достапни линкови

Вo понеделник до косовската влада нацрт-законот за војска


Архивска снимка- членови на косовските безбедносни сили на воена вежба

Министерството за косовските безбедносни сили, покрај противењето на „Српска листа“, најави дека в понеделник до косовската Влада ќе го достави нацрт-законот за косовската армија.

"Во моментот го чекаме финансискиот извештај за буџетските трошоци од Министерството за финансии, како и согласност од Министерството за европска интеграција со цел да се усогласат нацрт-законите со законодавството на ЕУ. Во согласност со законодавната стратегија на Владата на Република Косово и Акцискиот план на МКБС, ние ќе го испратиме предлог-законот до Владата на 30 април", изјави за весникот „Зери“ Ибрахим Шала, директор на Одделот за односи со јавност во МКСФ.

Пренесувајќи ја веста косовските медиуми оценуваат дека трансформацијата на Безбедносните сили во армија на Косово ќе го отвори патот на земјата за членство во НАТО.

XS
SM
MD
LG