Достапни линкови

Шекеринска продолжува со средбите во Вашингтон


Архивска фотографија-министерката за одбрана Радмила Шекеринска

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на вториот ден од официјалната посета на САД се сретна со заменик – помошникот на секретарот за одбрана Лора Купер и со високи официјални лица во Стејт Департментот. На средбата со Купер, како што се навeдува, американската политичарка истакнала дека САД високо го ценат прогресот на реформите во Македонија и посветеноста на стратешката цел - членството во НАТО, како и дека внимателно ќе ги следат состојбите во следните неколку месеци, во пресрет на Самитот на Алијансата.

Како што соопшти Министерството за одбрана Шекеринска се сретнала сопрвиот заменик – помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски работи на Стејт Департментот, Елизабет Милард, која како што се наведува, оддала признание за напредокот, кој го постигнала земјата само една година по кризните настани во Собранието и потенцирала дека САД се силен пријател на Македонија кој одблизу го следи и поддржува прогресот на земјата.

Во Стејт Департментот министерката се сретна и со заменик - помошник секретарот Метју Палмер, кој истакна дека работите во Македонија се одвиваат многу бргу, а земјата е подготвена не само да биде членка на НАТО, туку членка која активно придонесува во Алијансата.

Шекеринска во Вашингтон разговараше и со директорот на Меѓународниот републикански институт, Даниел Твининг и со регионалниот директор на ИРИ за Европа, Јан Суротчак. Целта на средбите на министеркатаво САД е да се обезбеди цврста американска поддршка во пресрет на Самитот на НАТО.

XS
SM
MD
LG