Достапни линкови

Нови протести на опозицијата во Ерменија


Ерменија- опозицискиот лидер Никол Пашинијан се обраќа пред своите поддржувачи го градот Гјумри, 27.04.2018

Опозицискиот лидер Никол Пашинијан за денеска повика на голем протест во третиот по големина град во Ерменија, Ванадзор, откако претходниот ден вети дека нема да има “геополитички промени”. Тој ова го кажа пред илјадниците собрани граѓани во вториот по големина град во Ерменија, Гјумри во кој се наоѓа и најголемата руска воена база.

Зборувајќи доцна вчера Пашинијан пред околу 10 000 поддржувачи собрани на главниот плоштад, рече дека има еден пат, а тој е да го изберат него за премиер на Ерменија како кандидат на граѓаните. Насобраните побараа тој да биде избран за премиер на гласањето во парламентот закажано за први мај. Пашинијан им вети дека ќе ја прикаже победета на народот, ќе донесе поинаква Ерменија и ќе се бори против сиромаштијата и корупцијата.

Во меѓувреме бизнисменот Гагик Царукијан, лидерот на втората по големина политичка група, Партијата на ерменскиот просперитет, се очекува да се обрати на својата официјална страница на социјалната мрежа Фејсбук.

XS
SM
MD
LG