Достапни линкови

Адвокатката која нудела штетни информации за Хилари Клинтон признала дека е информатор за Кремљ


Јас сум адвокат и јас сум информатор, изјавила Веселнитскаја

Руската адвокатка Наталија Веселнитскаја, која имаше средба со претставници на кампањата на Доналд Трамп во јуни 2016 година, а која требаше да достави штетни информации за Хилари Клинтон, долго време инсистираше на тоа дека е приватен адвокат, а не оперативец на Кремљ кој се обидува да се меша во претседателските избори во САД, објави „Њујорк Тајмс“.

„Во интервјуто, кое ќе биде емитувано на Ен-Би-Си, таа признава дека не е само приватен адвокат, туку извор на информации за високорангиран функционер во Кремљ - јавениот обвинител Јуриј Чаика“, наведува „Њујорк тајмс“.

Според весникот, Веселнитската во интервјуто вели: „Јас сум адвокат, и јас сум информатор. Од 2013 година активно комуницирам со канцеларијата на рускиот јавен обвинител“.

XS
SM
MD
LG