Достапни линкови

Заев - Џафери: Нема амнестија за крвавиот четврток


Зоран Заев и Талат Џафери на прес-конференција по повод една година од насилствата на 27 април

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат
Џафери ја отфрлија можност за закон за амнестија за лицата инволвирани во крвавиот четврток, односно во насилствата во Собранието на 27 април, лани, за кои се водат судски постапки.

„Не сакам ни да помислам дека некој размислува за такво нешто, закон за аменстија. Верувам дека никој и не размислува, но и ако некој потајно размислува убаво е да се откаже од такво размислување, рече Заев.

Џафери додаде дека нема место за размислување за таква опција затоа што, како што кажа, милион граѓани за најситна повреда на правилата и на законите се соочуваат со процес на правда и правдина низ системот онака како што е предвидено.

XS
SM
MD
LG