Достапни линкови

Србија ќе го уапси Харадинај ако влезе во Прешево


По информациите во српските медиуми дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај бил поканет да го посети Прешево, реагирал српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ кој се заканил со апсење на Харадинај, доколку влезе во Прешево, објави МИА.

„Нашиот суд е надлежен за тоа. Наредбата останува во сила и секако ќе биде уапсен“, изјавил Стефановиќ за српски Курир, пренесе МИА.

Харадинај е обвинет од српските власти за воени злосторства за време на вооружаните судири на Косово во 1998 и 1999 година.

XS
SM
MD
LG