Достапни линкови

Узбекистанскиот претседател им нареди на министрите да живеат во село


Узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијаев

Узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијаев изјави дека ќе ги релоцира повеќето од министрите по провинциите со цел тие од права рака да ги искусат секојдневните тешкотии во животот на обичните луѓе.

Тој најави дека 70 проценти до министрите кои се наоѓаат во Ташкент сега ќе живеат во другите мета низ земјата. Мирзијаев порача дека на телевизија се гледа како луѓето во земјата живеат без вода, гас, канализација и струја. Узбекистан има околу 32 милиони жители, а 2,5 милиони од нив живеат во Ташкент.

XS
SM
MD
LG