Достапни линкови

За Мицотакис решение за името не е можно без промена на Уставот


Лидерот на најголемата грчка опозициска партија, Кирјакос Мицотакис

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија, Кирјакос Мицотакис изјави денеска дека решение за името не може да постои без Македонија да го промени Уставот и комплетно и неповратно да ги отстрани сите елементи на иредентизмот.

Тој говорејќи пред неговите сопартијци посочи дека начинот на кој владата во земјата управува со преговорите, предизвикува загриженост и уште еднаш го повтори неговиот став дека „нема да ги поделат Грците, за да ги обединат Скопјаните“.

XS
SM
MD
LG