Достапни линкови

Јункер не сака да дава насоки за името, но бара негово итно решавање


Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во неговиот говор пред грчките пратеници и претседателот на земјата изјави дека e потребно брзо решавање на спорот за името.

„Господине претседателе, пред вашиот парламент ќе кажам нешто што кажав кога неодамна бев во Скопје, каде што беше поставено прашањето за името на оваа земја. Јас не сум надлежен да ви дадам некоја насока, ниту идеи ниту пак правци во однос на прашањето што треба во секој случај да го решите меѓу вас. Но, дозволете ми да ја нагласам итноста што го карактеризира решавањето на проблемот, со оглед на комплицираниот регион. Ги имам на ум зборовите на Черчил: овде историјата што се произведува не може да се консумира, толку е голема“, рече Јункер.

Јункер порача дека дека Грција е столб на стабилноста во регионот, а на Западен Балкан му е потребна европската перспектива, „за да не се повторат драмите од 90-те години“. Тој објасни и дека препораката за почеток на пристапни преговори со ЕУ, не значи и доделување датум. Сите земји кандидати, како што посочи Јункер, ќе се оценат објективно, врз база на нивните вредности и критериуми.

XS
SM
MD
LG