Достапни линкови

Милијардерот Иванишвили ќе ја предводи владејачката партија во Грузија


Бидзина Иванишвили

Милијардерот и поранешен премиер на Грузија, Бидзина Иванишвили ќе ја преземе контролата врз владејачката партија „Грузиски сон“, која тој ја основа. Веста ја потврди премиерот Гиорги Квиркашвили кое е и актуелен лидер на партијата, но се повлекува од функцијата по барање на неговите колеги.

Централно левичарската партија победи на парламентарните избори во 2012 година по долгата доминација на „Обединетото национално движење“ на поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили. Иванишвили беше четири години премиер по победата на неговата партија, а некои од неговите соработници беа под истрага за корупција и злоупотреба на функцијата.

XS
SM
MD
LG