Достапни линкови

Ципрас: Грција прв пат решително бара решение за името


Грчкиот премиер Алексис Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас по средбата со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер порача дека неговата земја по прв пат на толку решителен начин се обидува да најде заемно прифатливо решение за името.

Според него, Грција во последните години покажала дека треба да игра централна улога во обидот Европската унија во иднина да ја надгради нејзината меѓународна и регионална улога како сила на мир, стабилност и безбедност. Доказ за тоа, како што посочи, се напорите на земјата во справувањето со бегалскиот проблем и обидите за решавање на кипарското прашање и на спорот со името.

„Ова го покажуваме обидувајќи се, по прв пат, на толку решителен начин да најдеме заемно прифатливо решение во прашањето со името на поранешната југословенска Република Македонија со гаранции дека ова прашање ќе има конечно решение“, рече Ципрас.

XS
SM
MD
LG