Достапни линкови

ЕУ против руската информациска војна


ЕК: Русија води информациска војна
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:02 0:00

ЕК: Русија води информациска војна

Европската комисија директно ја означува Русија дека води „информациска војна“. Тоа е дел од напорите на Европската унија во борбата против онлајн кампањите за дезинформирање за кои се оценува дека се закана за европската сигурност.

Во нацрт документот во кој увид имаше Радио Слободна Европа се наведува дека „масовните онлајн кампањи за дезинформирање се користени од домашни и странски актери за сеење недоверба и креирање социјални тензии со сериозни потенцијални последици врз нашата безбедност“.

„На пример руската воена доктрина експлицитно го признава информациското војување како едно од нејзините домени“, се наведува во документот.

Според неофицијални информации, шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и комесарката за дигитална економија Марија Габриел не сакале во документот да биде нагласена посебна земја.

Како и да е, неколкумина други комесари инсистирале Русија да биде наведена во делот за дезинформации и сајбер напади.

Деновиве во Торонто и министрите за надворешни работи од Групата на седумте најразвиени индустриски земји во светот ја посочија Русија и се обединија во осудата на нејзиното однесување за кое оценија дека ги поткопува меѓународните закони.

Министрите се согласија да формираат работна група која ќе го проучува, како што се наведува, „малигното однесување“ на Русија.

Шефицата на канадската дипломатија Кристија Фриланд изјави дека земјите од Г7 биле обединети да работат заедно против руското мешање во изборните кампањи и дезинформирањето.

„Секако, поминавме многу време во зборување за Русија, чии акции продолжуваат да го оспоруваат меѓународниот поредок, базиран врз правила“.

Инаку, документот на Европската комисија има за цел да се етаблира, како што се наведува, „европскиот пристап во справувањето против дезинформациите“.

Во фокусот се четири клучни принципи: подобрена транспарентност, промовирање разновидно информирање, покредибилни информации и изнаоѓање инклузивни решенија.

Платформата треба да понуди прекугранични алатки за собирање и анализа на податоци, како и пристап до податоците низ целата Европска унија.

Комисијата ќе побара и поголемо финансирање за промовирање на слободата на медиумите, обука за новинари и нови технологии.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG