Достапни линкови

Шефиц: На Балканот чекаат околу 50.000 потенцијални мигранти


илустрација

На Балканот чекаат околу 50.000 мигранти, поради што потребни се акции за координирање на работите за сузбивање илегални миграции во државите во кои сега се наоѓаат или низ кои минуваат. Ова го изјави Боштјан Шефиц, државен секретар во словенечкото Министерство за внатрешни работи по посетите на Загреб, Белград и Тирана каде што со свои колеги во изминатите два дена зборувал за состојбата и можен развој на ситуацијата. „За разлика од ситуацијата во време на големата миграциска криза пред три години, сега 85 отсто бегалци бараат азил во Словенија, а промени се забележани и во структурата на мигрантите, бидејќи најголем дел веќе не доаѓаат од Блискиот исток туку од северна Африка, предупреди Шефиц.

XS
SM
MD
LG