Достапни линкови

Средба Туск-Вучиќ: За иднината на Србија ќе одлучува само Белград


Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск и српскиот претседател Александар Вучиќ.

За иднината на Србија ќе одлучува само Белград, а ЕУ е место каде никој никому ништо не наметнува, затоа вреди на ЕУ да се гледа како на проект со стратешка димензија за просперитет, за висок стандард, демократија, со владеењето на правото и слобода на говорот, безбедност и заемно почитување со зачувување на националниот идентитет, изјави претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск по денешната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој додаде дека со Вучиќ разговарал и за состојбата на Западен Балкан, истакнувајќи го залагањето на српскиот претседател за дијалог со Приштина, кое е „тешко прашање со голем емотивен набој“, но и дека ова прашање е стратешки избор кој на крај ќе се исплати.

Вучиќ кратко се осврна на косовското прашање, истакнувајќи дека е важно да се дојде до компромисно решение.

XS
SM
MD
LG