Достапни линкови

Сè уште трае средбата за името меѓу Димитров и Коѕијас во Виена


Архива: Прес-конференција на министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров во Скопје.

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, веќе четири часа во Виена разговараат со посредникот во спорот за името Метју Нимиц. Средбата почна во 15 часот и сè уште е во тек.

Последната средба на Димитров и Коѕијас беше на 12 април во Охрид, а како што соопштија по состанокот, разговарале за првпат за временската рамка и за чекорите, за кои ако се постигне решение, како тоа ќе изгледало и како ќе се имплементирало. Заклучокот тогаш беше дека останале уште неколку спорни, но најтешки точки.

XS
SM
MD
LG