Достапни линкови

Започна средбата за спорот за името во Виена


Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц

Започна средбата во Виена за новата рунда преговори за името меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц. Не се знае колку време ќе траат преговорите и дали после нив ќе има изјави за медиумите.

Во Њујорк е соопштено дека Нимиц ќе им „асистира на двете страни во изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето со името“. Македонската влада се надева дека решение би можело да биде постигне во текот на оваа година. Нимиц во минатиот месец изјави дека е „оптимист“, но оти „се уште има тешки прашања за решавање“. Неколку можни имиња се во игра, а најмногу се спомнува Горна Македонија.

XS
SM
MD
LG