Достапни линкови

Рохани против нов нуклеарен договор и со критика до Трамп


Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани изрази сомнежи за легитимноста на барањата на лидерите на САД и Франција за нов нуклеарен договор меѓу светските сили и Техеран. Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот француски колега Емануел Макрон по средбата во Белата куќа истакнаа дека тие сакаат да преговараат за нов договор со Иран кој ќе го надмине нуклеарниот договор од 2015 година.

„Зошто и со кое право“, порача Рохани за нивниот предлог. За време на телевизиско обраќање Рохани го нарече Трамп неискусен трговец, кој нема никакво искуство во политиката.

XS
SM
MD
LG