Достапни линкови

ЕУ со повик до Русија, Иран и Турција за Сирија


Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини на конференцијата за Сирија во Брисел

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини ги повика Русија, Иран и Турција да направат поголеми напори за намалување на борбите во Сирија.

Таа говорејќи на конференцијата за Сирија во Брисел истакна дека трите земји имаат посебна одговорност за да обезбедат услови за примирје и да извршат притисок врз владата на сирискиот претседател Башар ал Асад за нејзино враќање на преговарачката маса. Според Могерини, има ескалација на воените активности во Сирија што е спротивно на она што ветиле дека ќе работат Русија, Иран и Турција.

XS
SM
MD
LG