Достапни линкови

ЕУ и ОН апелираат за обновување на мировните преговори за Сирија


Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини и специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура.

Претставници на Европската унија и на Обединетите нации повикаа што побрзо да се седне на политички преговори за ставање крај на седумгодишниот конфликт во Сирија. Специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура, и шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини се сретнаа денеска во Брисел, како дел од напорите за повторно започнување на мировни преговори, спонзорирани од ОН.

За време на претходните осум рунди разговори постигнат е мал напредок. Русија и Иран, главните сојузници на сирискиот претседател Башар ал-Асад, минатата година започнаа посебен преговарачки процес заедно со Турција во главниот град на Казахстан, Астана.

Паралелно со состанокот меѓу Де Мистура и Могерини, во Белгија започна и дводневната меѓународна конференција за обезбедување хуманитарна помош за жртвите на војната.


XS
SM
MD
LG