Достапни линкови

Пашинијан подготвен да биде премиер на Ерменија


Лидерот на ерменската опозицијата, Никол Пашинијан.

Лидерот на ерменската опозицијата, Никол Пашинијан, кој 11 дена ги предводеше протестите со кои беше соборен премиерот Серж Саркисијан, изјави дека е подготвен да ја предводи земјата ако тоа биде побарано од него.

„Ако луѓето ми ја дадат оваа одговорност, ќе ја преземам одговорноста“, рече пратеникот денеска на прес-конференцијата, еден ден откако Саркисијан се повлече од функцијата.

Пашинијан утре треба да се состане со вршителот на должноста премиер Карен Карапетјан за да разговараат за следните чекори. Тој рече дека во разумен рок треба да се одржат предвремени парламентарни избори.

Според ерменскиот закон, парламентот, каде што Републиканската партија на Саркисијан има мнозинство, има една недела да предложи нови кандидати за функцијата премиер.

XS
SM
MD
LG