Достапни линкови

Полицајци загинаа во бомбашки напад во Пакистан


Нападот врз полициско комбе во Пакистан.

Најмалку пет припадници на безбедносните сили на Пакистан загинаа, а седум се повредени при нападот од страна на бомбаш самоубиeц во југозападен Пакистан, соопштија тамошните власти.

Според воените власти, еден бомбаш-самоубиец се разнел во близина на полициско комбе во провинцијата Балочистан, при што загинале петмина полицајци, а седум други се повредени.

Уште двајца бомбаши-самоубијци сакале да се разнесат пред контролeн пункт, но биле убиени пред да ја остварат целта.

Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.


XS
SM
MD
LG