Достапни линкови

Дачиќ - Решение со Косово само преку компромис


Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ.

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ вели дека во интерес на Србија е спроведувањето на Бриселскиот договор, а не негово поништување.

Дачиќ вели дека решението за косовското прашање може да се постигне само со компромис, а убедувањето дека Србија може со сила да се присили да го признае Косово, решението за тој проблем го прави се подалечно.

Тој додаде дека не е сигурен до каде е дојдено на патот на решавањето на тоа прашање.

„Мислам дека не се сигурни ниту оние кои ги водат овие преговори, но сепак, важно е да се разговара“, рече Дачиќ.


XS
SM
MD
LG