Достапни линкови

Османи на ПСЈИЕ: Создаден е моментум за интеграција во ЕУ


Вицепремиерот Бујар Османи

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи пред учесниците на самитот на Процесот на соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува на Брдо кај Крањ, порачал дека за интеграцијата во Европската унија е создаден моментум кој е убеден дека ќе биде искористен.

Неговиот Кабинет соопшти, дека Османи порачал оти Македонија е подготвена да преземеме брзи, и таму каде што е потребно, радикални реформи. Според него, државите од регионот заради заедничкиот географски, историски и социоекономски потенцијал треба да ја споделуваат и заедничката европска иднина.

XS
SM
MD
LG