Достапни линкови

Лукашенко со критика до западните земји и Русија


Белорускиот претседател Александар Лукашенко за време на неговото годишно обраќање

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во годишниот говор упати критика до западните земји за поттикнување на трговски војни, а Русија за блокирање на производите од земјата на нејзиниот пазар. За време на неговото телевизиско обраќање тој ја предупреди Русија на можната изолација, при што лошите односи на земјата со западот нема да ја запрат Белорусија да бара поблиски врски со ЕУ и со САД.

„Во тешката ситуација во која светот влезе, Белорусија мора да остане силна и да го зачува единството и стабилноста“, наведе Лукашенко. Според него, светските водечки земји се борат за нивното место во хиерархијата што, како што посочи, води до зголемена тензија и конфронтација.

XS
SM
MD
LG