Достапни линкови

Одбележување на годишнината од масакрот врз Ерменците


Маж положува цвеќе во меморијалниот центар во Ереван на одбележување на годишнината од масакрот врз Ерменците

Ерменците денеска ја одбележуваат 103 годишнината од масакрот врз нивните предци за време на Отоманската империја во 1915 година, еден ден по оставката на премиерот Серж Саркисјан и протестите на опозицијата.

Опозицискиот лидер Никол Пашинијан кој ги предводеше протестите заедно со неговите поддржувачи ќе присуствува на церемонијата за одбележување на масакрот во меморијалниот комплекс во Ереван. Пашинијан утре ќе се сретне и со в.д премиерот Карен Карапетијан со цел да разговара за наредните чекори во земјата.

XS
SM
MD
LG