Достапни линкови

Принцот Вилјам и принцезата Кејт добија син


Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт, војвотката од Кембиџ, денеска го добија своето трето дете. Парот и нивниот син предмалку ја напуштија болницата Св. Марија во центарот на Лондон, по што семејството се упати кон нивната резиденција во Лондон, Кенсингтон Палас.

"Би сакале да им се заблагодариме на сите вработени во болницата за грижата и третманот што го добија кралските височества. Исто така, би сакале да им се заблагодариме на сите за нивните топли желби", се вели во пораката на Бакингамската Палата на Твитер.

Кејт и Вилијам имаат уште две деца, принцот Џорџ кој има четири години и принцезата Шарлот која има две години. Бебето, чие име ќе биде објавено подоцна, е шестиот правнук нa кралицата Елизабета II и сега е петтиот наследник по ред на тронот.

XS
SM
MD
LG