Достапни линкови

Иранскиот нуклеарен договор во фокус на разговорите Макрон-Трамп


Несогласувањата околу нуклеарниот договор меѓу Иран и шест светски сили во 2015 година се очекува да бидат важен дел од државната посета на францускиот претседател Емануел Макрон оваа недела во САД. Макрон денеска пристигна во Вашингтон на тридневна посета додека американскиот претседател Доналд Трамп го постави 12 мај како краен рок за да го подобри или да го укине договорот, со кој Иран ќе добие олеснување од санкциите, за возврат на ограничувањата на нејзината атомска програма. Другите сили во договорот Британија, Кина, Франција, Германија и Русија го повикаа Вашингтон да остане во пакт, велејќи дека тоа е најдобриот начин да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје.

Во интервју за телевизијата Фокс, Макрон изјави дека нема "план Б" за воспоставување контрола на нуклеарните амбиции на Техеран. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран го прекршува "духот" на нуклеарниот договор кој беше договорен со неговиот претходник, Барак Обама, преку тестирање на балистичките проектили, спонзорирајќи милитантно насилство во регионот и со поддршка на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

XS
SM
MD
LG