Достапни линкови

Чавков излегува од притвор со гаранција во недвижен имот


Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 денеска му го укина притворот на Митко Чавков и ја прифати дадената гаранција во недвижен имот како мерка за негово присуство во судската постапка за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Како што се наведува во соопштението од Кривичниот Суд, на Чавков му е одземена патната исправа и има обврска еднаш неделно да се јавува во Судот.

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков беше вратен во притвор на 28 март, еден ден откако Врховниот суд го пушти од Истражниот затвор Шутка во куќен притвор. Причината за неговото враќање во притвор, како што образложија од Кривичниот суд било тоа што тој самоволно ја сменил локацијата за издржување домашен притвор.

XS
SM
MD
LG