Достапни линкови

Спасовски: МВР отвори широк фронт во борбата против корупцијата


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска изјави дека мора да бидат максимално одговорни во однос на начинот на кој се трошат парите на граѓаните, одговарајќи на прашање во врска со Извештајот на Стејт департментот во кој се нотира постоење корупција во Македонија на различни нивоа.

Според него, ако се земат в предвид бројките, дека за 111 проценти е нотирано зголемување на злоупотреба на службената положба и овластување во однос на претходно, тоа значи дека отвориле широк фронт на борба против корупцијата.

Тоа, како што наведува Спасовски, не се однесува само на поранешните структури кои биле дел од власта, туку во изминатите две недели неколку полициски службеници се санкционирани поради нелегални постапки. Таквите чекори, истакна Спасовски се доказ дека МВР е решено да се справува со криминалот и корупцијата.

XS
SM
MD
LG