Достапни линкови

Најмалку 31 загинати во бомбашки напад во Кабул


Луѓе гледаат кон местото на нападот во Кабул

Најмалку 31 луѓе загинаа, а 54 се ранети во самоубиствен бомбашки напад во Кабул. Првично беше соопштено дека во нападот загинале четворица луѓе, а 15 биле ранети.

Нападот се случил во центар за регистрација на гласачи во шиитска населба во западен Кабул, каде што голема група луѓе чекала да си ги подигне националните идентификациски картички.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но Исламската држава претходно извршуваше напади во шиитскиот дел на градот.

На 14 април почна регистрирањето гласачи во Авганистан за долго одложуваните парламентарни избори закажани за октомври. Изборната администрација оцени дека безбедноста е најголем предизвик, со оглед на тоа што талибанците и други екстремистички организации контролираат голем дел од земјата.

XS
SM
MD
LG