Достапни линкови

Нападната новинарка на РСЕ во Ерменија


Протести во Ереван

Дописничката на Радио Слободна Европа од Ерменија, Арус Хакобијан, беше нападната и повредена од човек во цивилна гардероба додека известуваше од опозициски протест на автопат на 30 километри јужно од близина на Ереван.

Таа беше напдната додека во живо го пренесува протестот. На снимката јасно се гледа лицето на напаѓачот. Од видео снимката се гледа дека и покрај нејзините повици, полицијата не прави ништо да го спречи или да го уапси напаѓачот.

Јавното обвинителство подоцна соопшти дека отворило истрага.

Хакобијан беше нападната за време на жестока расправија меѓу група поддржувачи на владата и опозициски поддржувачи кои се обидуваат да стигнат до Ереван и да им се придружат на протестите против премиерот Серж Саркисјан. Полицијата не му дозволи да конвојот од околу 30 автомобили да стигне до главниот град на Ерменија.

Во меѓувреме, поранешниот претседател, кој беше избран за премиер, Серж Саркисјан, повика на политички дијалог, додека лидерот на опозицијата Никол Пашинијан бара негово заминување од власт.

Во Ерменија веќе девет дена се организираат протести против именувањето на Саркисјан за претседател. Стотици опозиционери се уапсени на протестите.

XS
SM
MD
LG