Достапни линкови

Заев - Фокусот е на решение за името, а не на роковите


Фокусот е ставен на решение за името, а не на рокови. Сега е вистинскиот момент да се најде решение. Влегуваме во самата суштина, во најсуптилните детали каде мора да бидеме креативни за да може двете страни да ги заштитиме, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата, премиерот Заев изрази уверување дека доколку продолжат разговорите во позитивен дух, ќе се најде решение.

„Мислам дека сега е вистинскиот момент да се најде решение каде сите партиципиенти во државата би застанале заедно зад нешто што е согласно сочувувањето на нашето достоинство и нашиот идентитет, а водејќи грижа и за достоинството на грчката страна“, рече Заев, додавајќи дека многу е важно за Македонија процесот да биде решен пред сè заради добивањето на датумот за почетокот на преговори со Европската унија.

Во однос на Самитот на НАТО, премиерот нагласи дека Македонија има условена автоматска покана за членство во Алијансата и доколку се најде решение за името, ќе почне процесот на ратификација на договорот за полноправно членство.

Се надева дека ќе одржи средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас што, како што посочи, ќе значи дека останале уште околу 10-тина проценти за решавање.

XS
SM
MD
LG