Достапни линкови

Трамп и Макрон ќе разговараат за иранскиот нуклеарен договор


Архивска фотографија: Претседателите на Франција на на САД, Емануаел Макрон и Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот француски колега Емануел Макрон ќе разговараат за иранскиот нуклеарен договор на средба во Белата куќа наредната недела, соопшти висок американски претставник. На вчерашниот брифинг со новинарите, американскиот претставник соопшти дека претседателите ќе разговараат и за други прашања, вклучувајќи го заедничките воени напади врз Сирија кои беа извршени како казна за употребата на хемиско оружје во близина на Дамаск.

Макрон треба да ги посети САД од 23 до 25 април, а на крајот на посетата ќе се обрати на заедничка седница на Конгресот.

Трамп се заканува дека ќе се повлече од договорот кој шесте светски сили го потпишаа со Техеран за ограничување на нуклеарната програма во замена за олеснување на санкциите. Трамп го постави 12 мај како рок до кога треба да се поправи или укине договорот што го потпиша неговиот претходник Барак Обама. Трамп го обвини Техеран дека го крши духот на договорот.

Американските сојузници го повикуваат Трамп да остане на договорот, велејќи дека тоа е најдобар начин да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје.

Техеран вели дека е посветен на договорот сè додека сите страни го почитуваат, но оти тој ќе пропадне ако Вашингтон се повлече.

XS
SM
MD
LG