Достапни линкови

Демократската партија на САД ја тужи Русија и кампањата на Трамп за нарушување на изборите


Илустрација: Хилари Клинтон и Доналд Трамп.

Демократската партија на САД поднесе тужба против руската Влада, изборната кампања на претседателот Доналд Трамп и организацијата Викиликс, обвинувајќи ги за заговор за нарушување на претседателската изборна кампања на САД во 2016 година и за наколонување на изборите кон Трамп.

Во тужбата, поднесена денеска во федералниот окружен суд во Менхетен, се тврди дека високи претставници на кампањата на Трамп биле во заговор со руската Влада и нејзината агенција за шпионирање, да и наштетат на претседателската кандидатката на Демпократсакта партија Хилари Клинтон и да му помогнат на Трамп хакирајќи ги компјутерите на Демократската партија.

Во тужбата е наведен детален наратив за хакирањето, заедно со епизоди во кои се тврди дека на високи помошници на Трамп им било кажано дека Русија има штетни информации за Клинтон.

Во тужбата Трамп не се именува како обвинет, но е насочена кон различни неговои помошници кои за време на кампањата се запознале со луѓе за кои се верува дека се поврзани Русија.

Тука се вклучени синот на Тррамп, Доналд Трамп Џуниор, неговиот зет Џаред Кушнер, неговиот шеф на кампањата Пол Манафорт и заменикот на Манафорт Рик Гејтс.

Засега нема коментари од Белата куќа за тужбата.

XS
SM
MD
LG