Достапни линкови

Предвремени претседателски и парламентарни избори во Турција


Архива: Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Парламентот во Анкара.

Турскиот Парламент денеска го одобри предлогот на претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган за одржување предвремени претседателски и парламентарни избори на 24 јуни.

Предлогот на Ердоган го поддржа 386 пратеници од сите политички партии, со исклучок на членовите на курдската Народна демократска партија (ХДП), кои ја напуштија собраниската сала пред гласањето. Редовен термин за одржување на изборите беше ноември 2019 година.

XS
SM
MD
LG